Багер тежок 20 тони требал да биде пренесен во Австралија од Јужна Африка но беше пресретнат од страна на австралиските гранични власти откако пристигнал на копното на Австралија.
Машинеријата им изгледала сомнително па затоа решиле да ја пуштат на скенер. Тогаш ја сфатиле вистинската „вредност“ на багерот.
Во багерот, поточно во хидрауличната „рака“ на машината имало 384 килограми чист кокаин, кој на улиците би достигнал вредност од над 140 милиони долари. Од граничната полиција велат дека кокаинот бил прилично „професионално“ спакуван во машината.
Двајца мажи – Тимоти Енгстром (34) и Адам Хантер (33) – се обвинети за увоз на големо количество на дрога во земјата и монетално се во притвор, а нивното судење ќе започне во септември.