Сем Гисман вработен во „Омни моунт Вашингтон Ресорт“ работел ноќна смена и сакал да излезе на главната тераса за да ужива во изгрејсонцето кое секогаш е прекрасно таму.
Но, тој не очекувал дека ќе има друштво и тоа ни помалку ни повеќе, неговата нова „пријателка“ била голема црна мечка.
Мечката изгледала како да е повоодушевена од изгрејсонцето од Сем и дури и не го забележала туку си уживала во златните зраци кои ѝ проаѓале низ крзното. Сем го предупредил останатиот персонал да не ги пуштаат гостите надвор за да не дојде до инцидент, но мечката делувала прилично релаксирано сето време.
Иако животното се „вклопило“ со останатите гости сепак на крај било избркано од одморалиштето и очигледно не го добило третманот кој го очекувало.