Полицијата на Сент Мартин објавила фотографија од 18-годишната Прешес Ландри, објаснувајќи дека ја бараат за обид за убиство од 2 степен во врска со инцидентот кој се случил во салата Вистински Пријател во Луизијана.

На фотографијата направена во полициска станица се гледа девојка со врзана коса, очила и виолетова јакна. Иако овие фотографии не треба да бидат „убави“ Прешес очигледно била „навредена“ од овој потег на полицијата.

Таа оставила коментар под фотографијата „Таа фотографија е грда“. Не знаеме што очекувала дека ќе се случи, можеби мислела дека полицијата ќе ѝ се извини и ќе ја избрише „грдата фотографија“, но сепак од канцеларијата на шерифот биле толку „пристојни“ што ѝ понудиле „повотрно да ја фотографираат“.

„Пешес Ландри секогаш сте добредојдени да дојдете во Канцеларијата на Шерифот и да направите нова фотографија ако сакате! Или едноставно можете да почекате кога некој ќе ве пријави за да ја земе наградата од 1000 долари!“, ѝ одговориле од полицијата.

Но, 18-годишната проблематична девојка не сакала да се откаже и ги „предизвикала“ властите „да ја најдат ако можат и да си ја вршат работата.“

Сепак очигледно Прешес се предомислила и се предала подоцна, истиот ден. Полицијата на Сент Мартин објавила: „Прешес Ландри се појави во попладневните часови. Ви благодариме за сите ваши дојави и информации.“

Девојката сега го чека своето судење, но за жал не знаеме дали ѝ дозволиле да си направи уште една фотографија, на која ќе изгледа „поубаво“.

Сподели на Facebook
пати видено