Нагашибеј Жусупов бил еден од хероите ликвидатори кои учествувале во расчистување по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Но, за своето херојство тој не добил благодарност од страна на државата.
61-годишниот човек бил принуден да се пресели со својата сопруга и петте деца во валкана и мала соба во згрижувачки хостел откако владата одбила да му даде еден од становите кои им биле дадени на другите ветерани по експлозијата во 1986 година.
Пред еден месец Жусупов ја гледал популарната мини серија „Чернобил“ и плачел, според неговата 25-годишна ќерка Гаухар. За жал фактот што повторно се вратил во минатото и ги разбудил болните спомени, предизвикал да посака да стави крај на својот живот.
Жусупов исто така го „жртвувал“ и своето здравје за Чернобил. Тој имал сериозни главоболки и често се онесвестувал, со што почнал да завршува почесто и во болница. Неговата пензија заедно со социјалните примања за инвалидитет изнесувала само 120 евра месечно.
Според неговото семејство и пријатели Жусупов „се борел со ветерници“ бидејќи иако тужел и се жалел за одлуката на владата тие останале „глуви“ на неговите барања. По хаваријата тие ја признале неговата жртва како еден од првите луѓе на местото на катастрофата, но потоа не му возвратиле на начин на кој заслужува.
Нагашибеј Жусупов си го одземал животот откако скокнал од покривот на 5-катна зграда во Актобе, Казахстан, минатиот месец.