88-годишниот Денис Бирч седел во својата инвалидска количка, во својот дом во Англија и гледал телевизија. Поради топлото време тој ја оставил влезната врата отворена.

Одеднаш на вратата се појавил непознат човек кој го поздравил Денис и изгледал како да има добри намери.

Но, за жал намерата на овој човек му била да го ограби кутриот старец. Тој му го земал паричникот и Денис дури не ни забележал дека го ограбува. Во паричникот имало само 340 денари (5 фунти), но крадецот не се двоумел да му ги земе и тие на Денис.

Откако неговата негувателка пристигнала и го забележала непознатиот човек на безбедносните камери веднаш го повикала семејството на Денис, кое го пријавило случајот во полиција. Синот на Денис стравува дека крадецот можеби си утврдил лесна „мета“ и повторно ќе се врати да украде нешто повеќе, па и да го повреди Денис.

Сподели на Facebook
пати видено