Околу 60 милиони луѓе страдаат од несоница. Од година во година спиеме помалку и постепено сме под се повеќе и повеќе стрес. И ова е нешто за што треба да се загрижиме.
Ние би сакале сите да имаат мирен и удобен сон и се надеваме дека овие научно докажани трикови ќе ви помогнат во тоа.
1. Спијте на левата страна за подобро здравје.
Нашите тела изгледаат симетрични, но нашето внатрешно поставување на органите не е. Ако лежиме на левата страна, стомакот и неговите гастрични сокови остануваат пониско од хранопроводот. Значи тоа ја намалува горушицата.
2. Чај од банана ќе ви помогне да се релаксирате.
Бананите, а особено кората, се преполни со магнезиум и може да ве смират. Ви треба една органска банана и филтрирана вода за да го подготвите вашиот чај од банана.
Парчиња кора од двата краја на бананата ставете ги во врела вода. Се вари 10 минути.
Процедете и испијте една чаша полека пред спиење.
3. Обидете се да останете будни ако имате несоница.
Ова може да звучи како парадокс, но една мала студија покажа дека на луѓето со несоница на кои им било наложено да легнат во кревет и да се обидат да останат будни со отворени очи, заспале побрзо од другите за кои им било кажано да заспијат.
4. Обидете се да дувате меурчиња пред спиење.
Ние сме сериозни! Професорката по неврологија Рејчел Мари Е. Салас препорачува дување меурчиња. Тоа функционира како длабока вежба за дишење. Тоа може да ви помогне да го смирите вашето тело и ум. Плус, за време на оваа активност, вие сте во можност да ги пренасочите сите мисли кои можеби ве вознемируваат.
5. Ослободете се од било какви часовници во вашата спална соба.
Престанете да го гледате времето кога сте во кревет. Ако сте загрижени дека ќе се разбудите во текот на ноќта, не проверувајте го вашиот телефон. Подобро е да го ставите под креветот или во фиока.
6. Станете и направете нешто кога не можете да спиете.
Ако сте будни повеќе од 20 минути во текот на ноќта, само станете од кревет! Треба да направите некоја едноставна релаксирачка активност како составување сложувалка или сликање. Ова е совет од професорот Ричард Висман. Треба вашиот мозок да престане да ја поврзува несоницата со креветот.
7. Запалете ароматераписка свеќа.
Моќта на мирисот е неверојатна и ако лошиот мирис може да направи да се чувствувате непријатно и да ве разбуди, некои свеќи со мирис на лаванда и камилица можат да го релаксираат вашиот ум. Покрај тоа, мека светлина од свеќи ќе направи многу подобра атмосфера за спиење од ламбата до вашиот кревет.
8. Избегнувајте крута перница ако спиете на стомакот.
Тоа може да му наштети на вратот и да предизвика болка, бидејќи цврстата перница нема да ви овозможи да достигнете удобен агол.
9. Користете перница и ќебиња за да ги наполните празните простори помеѓу вас и душекот.
Ако спиете на страна и често се будите со болки во рамената и колковите, најверојатно ви е потребен посебен душек. Вашите точки на притисок може да страдаат секоја вечер кога заспивате. Но доколку не можете веднаш да си дозволите погрижете се да ги пополните празни места помеѓу вашето тело и душекот.
10. Користете перница за колена.
Ако спиете на грб, поставете перница под колената. Пополнете ги сите други празнини помеѓу вашето тело и душекот со дополнителни перници.
Ако спиете на ваша страна, ставете мала перница помеѓу колената.
11. Обидете се со „квадратно дишење“ пред да спиете.
Квадратното дишење може да ви помогне да заспиете побрзо! Оваа техника се препорачува и за оние кои сакаат да го намалат стресот.
Седете исправено, полека издишувајте преку устата.
Полека вдишувајте со носот додека броите до 4 полека во вашата глава.
Потоа држете го здивот додека броите до 4.
Издишете преку устата со броење до 4.
Повторно држете го здивот со истото бавно темпо броејќи до 4 и повторете го целиот процес повторно.