Малата Елси е аутистично девојче кое не може да функционира без својот омилен фустан и повеќе не сака да носи ништо друго освен него. Иако навидум не изгледа како голем проблем Елси расте и ѝ се потребни различни големини од фустанот, а и истиот исто така се оштетува и треба да се пере.
Аутистичните деца имаат специфични потреби и се приврзуваат за предмети кои им помагаат подобро да функционираат во светот па така и Елси не може да се замисли во друга облека.
Пријателката на нејзината мајка решила да ја испроба моќта на интернетот и ја објавила на Твитер приказната за Елси. Таа побарала од луѓето кои го имаат фустанот во различни големини да ја контактираат за да може мајката да ги откупи фустаните од нив. Иако не очекувала ваква реакција многу луѓе ѝ вратиле на објавата, па дури и производителот на фустанот.
„Аутистичната ќерка на мојата пријателка го носи само овој фустан. Не судете. Понекогаш луѓето не можат да се справат со одредени работи и не е важно колку е голема шемата на нештата зарем не? Прашањето е дали некој го има овој фустан Next од пред 3 години за 11-годишно и плус, за да можеме да го купиме од вас.“, објавила пријателката Дебра на Твитер.
Неколку минути по објавувањето на постот голем број на луѓе го ретвитнале, некои од нив ѝ пратиле линк од eBay, каде што може да си го купи, други се понудиле сами да го направат за девојчето, некои кои имаат таков се понудиле да ѝ го подарат на Елси. Исто така и произведувачот на фустанот одговорил и пишале дека ќе го контактираат добавувачот доколку можат да се направат уште неколку серии од фустанчето.