Жители од локално село во Индонезија фатиле желка додека таа се обидувала да положи јајца на плажата Асукери. Станува збор за џиновска кожеста желка, вид кој се соочува со исчезнување, со особено стрмен пад на популацијата забележан во Пацификот.
Со тежина од 270 до 700 килограми и со должина од 140 до 160 сантиметри овие желки се фасцинантни животни. Сепак, овие ранливи суштества треба да се третираат со грижа и почит, при што ваквиот вид на непромислено однесување е сосема неоправдан. Тие снимиле и видео кое може да се види подолу.
Како што е соопштено од страна на ProFauna, сите морски желки во Индонезија се заштитени со закон, како и со меѓународното право.
На видеото може да се види како возрасните идиоти се однесуваат со желката, па дури и „учат“ мало дете како треба да се однесува со животните. Потоа ѝ дозволиле на желката да се спаси и да влезе во водата, но не се знае што се случило со положените јајца. Љубителите на животни сѐ уште чекаат рекација од властите.