Животната приказна на оваа мајка ќе ви покаже колку е важно да се има контрола над сѐ што правите во животот и да можете да запрете во кој момент сакате. Девојка не сфатила дека нејзината љубов кон тетоважите ја преминала таа линија кога било предоцна да се врати назад.
Запознајте ја Мишел Ди Донато, неверојатна личност и добра мајка, но нејзиниот сегашен изглед ги плаши луѓето по улици. Таа ја направила својата прва тетоважа на возраст од 21 година, кога веќе била мажена со строг христијанин, кој бил против таквиот чин. Но, Мишел успеала да најде компромис и направила тетоважа со библиски мотиви.
Таа била фасцинирана од уметноста на телото, па се развела и се вљубила и омажила за тату мајстор кој нејзиното тело го прекрил со тетоважи. Сега 90% на телото на Мишел е прекриено со тетоважи, а најново ѝ е тоа што белките во очите си ги обоила розово.