Скоро секој од нас има растенија дома и кога одиме на одмор или треба да бидеме отсутни од домот подолго време најчесто замолуваме член од семејството, сосед, пријател да се погрижи за нив. Под „погрижи“ нели подразбираме редовно да добиваат вода. Сепак Џек од Лондон прилично буквално го сфатил овој збор.

Откако неговата пријателка Лорен Френч заминала на пат до САД го замолила да се погрижи за нејзиното растение. На Џек тоа воопшто не му било проблем, па дури и ѝ пратил фотографии на Лорен за да ја увери дека добро се „грижи“ за него. Секако Лорен не очекувала вакви фотографии, но во секој случај добро ја насмеале, а потоа ги споделила и со светот.

Сподели на Facebook
пати видено