Електричниот автомобил Тесла Модел 3 неодамна влезе на европскиот пазар, и веќе успеа да го помине тестот за несреќи според Euro NCAP стандардот, покажајќи навистина импресивни резултати. Модел 3 освои 94 од можните 100 поени за функционирање на безбедносните системи, поставувајќи нов рекорд меѓу сите автомобили.
Ова е највисока оценка до сега, а на второто место padna Citroen C5 Aircross, којшто е за 12 поени послаб од автомобилот на Илон Маск, со резулт 82 од 100.
Безбедноста на возачот и патниците според Euro NCAP на
Tesla Model 3 се проценува на 96% и 5 ѕвезди. За истиот резултат
Skoda Scala доби 97% и 5 ѕвезди,
Mercedes-Benz B-класа 96% и 5 ѕвезди,
Mercedes-Benz GLE доби 5 ѕвезди и 91%,
Kia Ceed 2019 доби 88% и 4 ѕвезди, а
DS3 Crossback од Citroen доби 4 ѕвезди и 87%.