На аеродромот Орешково во Калушка област, Русија живее невообичаен жител, „авиомечката“ Мансур. Пред три години на пистата одеднаш се појавило мало мече.
Пилотите на шега го земале да му ги покажат авионите и одлучиле да си го задржат. Постепено Мансур станал вистинска славна личност. Сега тој има своја пространа територија, популарен профил на Инстаграм и море до човечката љубов од различни делови на светот.
Никој не знае како се појавило мечето на аеродромот. Тоа било само без својата мајка и целосно збунето. Можеби сурови луѓе го направиле мечето сираче, а потоа го фрлиле на пистата.
Пилотите – мажи со силен дух и добро срце, не можеле да го отфрлат сирачето. Тие му го дале името Мансур што на алтајшки дијалект значи „мечка“. Пилотот Андреј Иванов наскоро станал „татко“ на мечето.
Ѕверот не можел да биде вратен во шумата бидејќи за толку мало мече тоа би значело сигурна смрт. Тој ги прегрнувал луѓето, се поздравувал, се игал со кучето на еден од пилотите. Неговото детство поминало под вревата на авионите, и наскоро почнале да го нарекуваат авијатичар.
Времето поминувало и морало да се размислува за иднината на Мансур. Сега големата мечка сѐ уште сакала да се прегрнува и бакнува со луѓето, што значи дека нема да може да преживее во шумата, а зоолошките градини немале дефицит на мечки.
Тие успеале да најдат човек кој им ветил дека Мансур ќе биде сместен во резерват каде што ќе биде набљудуван и ќе биде слободен. Но, кога пилотите сакале да го посетат, човекот кој им помогнал им кажал дека не може. Тие веднаш покренале истрага и дознале дека всушност Мансур бил затворен во кафез, а не на слобода. ПРијателите веднаш го извлекле Мансур од „затворот“, а тој ги поздравил со прегратка и веднаш влегол во нивниот автомобил.
По оваа ситуација одлучиле повеќе да не го даваат Мансур. Обезбедиле поголем простор за него и се консултирале со специјалисти за тоа како да се грижат за него и како да го хранат. Сега нежниот ѕвер е со луѓето кои ги сака и ужива во нивното внимание и љубов.