За сопственичката на еден македонски ресторан се ширел глас дека ги храни гостите со секакви гадотии. Муабетот дошол до еден од нејзините комшии, па решил да и каже за тоа.
– Госпоѓо, за вас се шират гласини дека ги храните гостите со секакви гадотии – и рекол тој. – Не ли мислите дека треба да почнете да ги храните гостите со добра храна? Па секој од нив ќе го фали вашиот ресторан и така бројот на гости ќе ви се зголемува постојано.
– Вие не берете гајле за тоа комшија, ова е Македонија! Секој од моите гости, има толку многу луѓе на кои им мисли лошо, што не пропушта да им го пофали мојот ресторан. Така што, никогаш не останувам без муштерии…