Првата дама на САД, Меланија Трамп е почестена со својата прва статуа во нејзината родна земја Словенија, но локалните жители се ужаснати од оваа дрвена фигура.
Дрвовата скулптура во човечка големина е создадена од локалниот занаетчија Алес Зупевц и нарачана од американскиот уметник Бред Дауни. Статуата е „облечена“ во истата боја која Меланија ја носеше на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари 2017 година. Статуата мавта со левата рака.
Офцијално стауата била откриена во Розно во близина на родното место на Мелнија во Севница. Но жителите на областа велат дека статуата е „срам“ и дека повеќе личи на „Штрумфета“ отколку на Меланија.