Често можат да се сретнат цртежи на кои луѓето од реалниот живот ги прикажуваат во форма на цртани ликови, или пак луѓе се маскираат за да изгледаат како своите омилени суперхерои. Но, што ако работите тргнат во спротивен правец?
Уметникот Мигел Васкез најпрвин го претстави Хомер Симсон во реалниот живот и оттогаш не престана да ги прикажува цртаните ликови во реалистични верзии. Мора да признаеме неговите дела во исто време се смешни и морничави. Погледнете како би изгледал вашиот омилен цртан лик доколку „го сретнете на улица“.