Властите на Австралија разоткриле „организиран синдикат на лажни питачи“ од Кина, кои заработувале по стотици долари на ден поединечно, препрфавајќи се дека се бездомници.
„Синдикатот“ им организирал пасоши и тирустички визи и питачите „долетувале на улиците на Австралија“ проселе и парите ги испраќале во Кина по електронски пат. Неколку лица веќе биле уапсени во Мелбурн, но се верува дека мрежата е поголема.
Седум лица биле обвинети за поседување на парични средства кои се верува дека биле стекнати од криминални активности. Полицијата запленила повеќе од 1.000 долари на лице место во првиот замав на акцијата.
„Дел од оние уапсени и обвинети од страна на полицијата, исто така, поседувале потврди за размена на пари кои покажаа дека австралиските долари неодамна биле претворени во кинески јуани“, изјави портпаролот за Daily Mail Australia.
Полицијата тврди дека оние кои биле обвинети, првично тврделе дека се соочуваат со бездомништво, сепак, по понатамошни истраги, полицијата открила дека имале пристап до домување и избрале да дојдат во градот за да молат за пари.
Питачите биле сместени во хостели и на крајот на денот ги префрлале парите на „ракувачите“ во Кина. „Тие плачеа дека се сиромашни кога им ги земавме парите велејќи ‘О не потребни ни се пари за да се варатиме дома’“, вели полицаецот Крис О’Брајан.
Една студија спроведена во 2015 година покажала дека постојат „професионални питачи“ кои заработуваат 300 до 400 долари дневно. Доколку се земе во предвид дека питачите од Кина скоро секој ден заработуваат по толку, придобивките се големи.
Полицијата сѐ уште работи на случајот за да ги разоткрие каналите и да дознае колкава сума на пари на овој начин била пренесена во Кина. Властите советуваат граѓаните да не им даваат пари на питачите туку да донираат во центрите за бездомници кои ќе можат да им помогнат.