Македонските археолози откопуваат новооткриена гробница на еден македонски крал и се испоставува дека кралот внатре е балсамиран со посебна техника и сеуште е жив.
Штом го откопуваат кралот се поткрева и му шепнува на увото на еден од археолозите:
– Еј батка, може ли да те замолам за една услуга?
Археологот целиот во шок прошепотува:
– Да…
– Ако сеуште го даваат „Ѕвездите на Гранд“ врати ме назад.