Во модерно време нормално е да се најде дечко или девојка на интернет и оттаму љубовта да стане сериозна. Сепак мора да се согласите дека ваквиот начин на барање на „сродна душа“ може да биде и опасен.

Не знаете на каква личност ќе налетите и за што е заинтеренсирана. Таква е приказната за оваа девојка која постапила без да го користи мозокот и отишла во минус 266.000 денари од кои дел и украла.

Девојката од Москва почнала да се допишува со момче кое живее во Англија. Тој ѝ рекол дека му се потребни пари за да ја отклучи картичката на неговиот вујко, на која ни помалку ни повеќе има 72 милијарди долари. Секако девојката не можела да му одолее на такво „богато“ момче кое студира во Англија и работи во голема компанија.

Секако претпоставувате што се случило следно. Девојката му пратила 60.000 денари, но ова не му било доволно па затоа таа украла од своја пријателка уште 206.000 денари. Девојката му ги префлила парите и му кажала дека не може да најде повеќе…и секако богатото момче исчезнало.

Еве како една силна виртуела љубов може да остави лузна на срцето и голем финансиски јаз во буџетот на жртвата. Разговорот е преведен.

Сподели на Facebook
пати видено