Она што требало да биде едноставно 90-минутно патување од Квебек до Торонто, се претворило во вистински неколкучасовен кошмар за мајката на 2 деца, Тифани Адамс. Жената која страда од аксиозност и несоница објаснува во Фејсбук објава што ѝ се случувало, а авиокомпанијата Air Canada стана мета на бројни критики.
Замислете да се качите во авион на лет кој треба да трае само 90-минути и случајно заспивате. Наредната работа на која се сеќавате е дека ги отворате очите и сфаќате дека се наоѓате во целосно мрачна просторија. Посегнувате по телефонот, но по некоја минута и тој се гаси бидејќи снемал батерија.
Адамс вели дека на 9 јуни заспала на скоро празен лет и кога се разбудила сфатила дека ја заборавиле внатре во авионот откако истиот пристигнал на својата дестинација. Таа пробала да прати порака на нејзините најблиски, но во тој момент телефонот се исклучил.
Таа продолжила да бара низ авионот нешто што ќе и помогне да привлече внимание. Пронапла светила и упатство за тоа како да ја отвори вратата за итни случаи. Но, откако некако успеала да ја отвори сфатила дека ја чека голем пад и затоа седнала и почнала да свети со светилката со надеж дека некој ќе ја забележи.
По неколку часа ја забележал човек кој што ја возел количката за багаж и тргнал кон неа. Таа вели дека возачот бил шокиран и ја прашал: „Како по ѓаволите успеале да заборават човек и да си заминат дома.“, а таа му одговорила дека се прашува истото.
Човекот пронашол скала и ѝ помогнал да се симне, а персоналот на Air Canada ја пречекал на терминалот нудејќи ѝ превоз со лимузина од дома и хотел. Од компанијата пттогаш ѝ се јавиле на Адамс двапати за да се извинат и велат дека во моментов спроведуваат истрага за да утврдат како екипажот на авионот успеал да ја пропушти пред да го напушти авионот.
Потпаролот на авиокомпанијата го потврдил инцидентот и велат дека се во контакт со жената. Тифани вели дека поради овој настан колку и да звучи комичен во некоја смисла, таа постојано има кошмари дека се буди во темна просторија.