Грижливите родители скааат нивните деца да станат успешни, среќни и богати луѓе. За да се случи ова не мора да го терате детето да учи од утро до мрак, а за време на викендите да го шетате насекаде низ градот.
Од детството, многу е поважно да се всадат во детето точните финансиски и животни навики и ставови.
Создадете му навика за одговорност на детето
Наместо да го карате детето за секоја грешка научете го како да ја исправи. Доколку скрши чинија дајте му метла, доколку извалка нешто дајте му крпа. Способноста да се преземе одговорност за своите дела е најважната компонента на успехот.
Научете го вашето дете да заштеди пари
Исто како што возрасните штедат пари за одмор, купуваат автомобил или студирање, детето мора да научи да заштеди пари за своите потреби. Поставете за него посебни тегли, секоја за своја цел. На пример, може да биде купување скапа играчка или нов велосипед. Значи, го поучувате вашето дете да брои и правилно да троши пари, без да ги потроши на краткорочни желби како купишта бонбони.
Вклучете го детето во финансиски работи
Се разбира, детето нема да помогне со купување на стан или отплата на заемот. Разговарајте со него за мали трошоци како шопинг листи во продавницата или избор на одмор за време на викендот. Разговарајте за куповната цена, нејзината потреба и прифатливи алтернативи.
Исто така е важно детето да се вклучи во планирањето на семејниот буџет: тој да го знае семејниот приход и за што се трошат парите. Така ќе му покажете дека парите во семејството не се бесконечни и не паѓаат од небото.
Не го посипувајте детето со негативни ставови
Често можете да слушнете од фрази на родители како „премногу си мрзелив“, „земи направи нешто“, „залепен си за тој кревет“ и сл. На вотор место доаѓаат „нема пари“, „со чесна работа не се заработува“, „сите богати се крадци“ итн. Дали детето ќе се обиде да се збогати во иднина ако верува дека тоа е невозможно однапред? Одговорот е очигледен.
Пофалете го детето за да се фокусира на неговите позитивни квалитети и таленти. Разговарајте за успешни луѓе и нивниот начин на живот. Мотивирајте го детето со тоа што ќе му покажете дека може да ги оствари своите цели ако упорно се движи кон нив.
Фалете го детето правилно
Пофалете го детето не само за постигнувањата, туку и за направените напори. На пример, наместо да го пофалите за добрата оценка на контролата, пофалете го за напорната подготовка за истата. Не фалете го за победата на натпреварот, туку за бројни тренинзи пред него.
Значи, ќе му помогнете на детето да сфати дека работата и напорите сами по себе се вредни за почит. И ова е вреден придонес кон иднината, бидејќи во животот често постојат ситуации каде што треба да работите долго време без видлив резултат.
Дозволете му на детето да биде независно
Понекогаш родителите ја потценуваат способноста на децата за самостојно дејствување. Само сетете се на правилото: никогаш не го правите за детето она што може да го направи само.