Повеќето психолози се согласуваат дека нашиот несвесен говор на телото открива многу за нашата состојба на умот, па дури и за нашите односи. Но, што можеме да научиме од положбите во кои спиеме? Дали сте „војник“ кој спие на грб? Или пак „небесен нуркач“?

Или пак нешто друго. Анабел Најт е експерт за говор на телото и таа ги толкуваше положбите на спиење и нивното значење. Во која се пронајдовте вие?

Дрво

Втората најпопуларна положба за спиење, во која лежите на страна со исправени нозе и раце.

Што кажува за вас: Вие сте генерално опуштени, позитивни луѓе кои мислат најдобро за другите. Дружељубиви по природа, луѓето сакаат да бидат околу вас. Сепак вашиот опуштен став може да ве претстави како лековерни.

Војник

Спиете на грбот со рацете во близина на торзото.

Што кажува за вас: Војниците се силни и тивки луѓе. Не сакаат да прават драми. Оваа прилично крута позиција на спиење сугерира љубов кон структурата и во други области од вашиот живот. Поставувате строги стандарди, и за себе и за другите.

Морска ѕвезда

Лежите на грб со раширени раце и нозе.

Што кажува за вас: Иако ова е најмалку популарна положба, оние што спијат вака имаат тенденција да бидат самоуверени и смешни, но не мора да сакаат да бидат во центарот на вниманието. Оваа “отворена” позиција сугерира дека сте добар слушател и често може да им помогнете на пријателите и семејството.

Бебе

Ова е исто така позната како положба на фетус. Најпопуларната од сите позиции за спиење.

Што кажува за вас: Спиењето со свиткани колена како што некогаш сме правеле во матката е инстинктивно и утешно – и сугерира дека, иако можеби се чини дека имате цврст надворешен изглед, имате мек центар за кој чувствувате дека треба да го заштитите.

Небесен нуркач

Спиете на стомакот, со главата свртена на едната страна и рацете подвиткани под перницата или од двете страни од главата.

Што кажува за вас: Ако се чувствувате удобно да спиете во оваа позиција на „слободен пад“ тоа сугерира дека сте отворена, самоуверена личност. Веројатно сте многу директни – што понекогаш може да направи да изгледате како несигурни или нечувствителни. Вие исто така можете да го користите вашиот слободен екстериер за да ја прикриете вашата несигурност и потреба за контрола.

Грабач

Спиете на страна во рацете ви се испружени како да сакате да дофатите нешто.

Што кажува за вас: Луѓето кои спијат во оваа необична позиција веројатно се комплексни ликови – отворени, но сепак цинични. Можете да бидете бавни и претпазливи кога станува збор за донесување на одлуки, но тврдоглави кога ќе се одлучите. Вие сте лојални пријатели.

Сподели на Facebook
пати видено