Не може да се одрекува дека кучињата се најдобрите пријатели на луѓето. Нивната верност не може да се спореди со човечката и понекогаш нивните несебични постапки не доведуваат до солзи. Кој вели дека животните не ја разбираат болката и загубата грешат. 3-годишниот лабрадор Муси е доказ за тоа.

Засолниште за кучиња објавило фотографија од Муси со цел да му пронајдат нов сопственик, описот на фотографијата бил: „Тешко му паѓа загубата на неговиот татко. Ве молиме помогнете му на Муси да пронајде нов дом и семејство кое што ќе го сака.“

На фотографијта верното куче чека трпеливо до болничкиот кревет со надеж дека неговиот сопственик наскоро ќе се врати, но не знае дека тој починал.

„Тој е слатко среќно момче по природа. Потребни му се луѓето да му помогнат неговото срце да заздрави.“, велат од засолништето. Добротворната организација вели дека Муси е дресиран, обожава деца и други кучиња, но не сака мачки и птици.

Набрзо по објавување на фоотграфијата Муси добил неколку кандидати за сопственици и сите се надеваат дека некогаш разиграното куче повторно ќе биде среќно.

Сподели на Facebook
пати видено