Жената која е родена со името Марихуана Пепси, им се спротивстави на насилниците и критичарите така што стана доктор на науки и го доби својот докторат.

46-годишната Марихуаната Пепси Вендик го поминала целиот свој живот, прифаќајќи го името што нејзината мајка ѝ го дала, и покрај тоа што другите ја навредувале поради него.

Таа одбила да го промени необичното име во обид да си докаже на себе и на другите дека е можно да се надминат пречките. Сега, мајката официјално е д-р Марихуана Пепси Вендик, откако минатиот месец се стекна со својот докторат во високото образование од универзитетот Кардинал Стрит во Висконсин.

Марихуана вели дека нејзината мајка Меги Џонсон го избрала нејзиното име кога се родила и изјавила дека ќе ја прослави во светот. Таа има две сестри чии имиња се Кимберли и Робин.

И покрај тоа што луѓето ја критикуваа нејзината мајка за изборот на името, Вендик вели дека ѝ е благодарна затоа што ѝ помогнало да стане силна жена каква што е денес.

Марихуана која заминала од нејзиниот нестабилен дом кога имала само 15 години, завршила средно училиште, дипломирала, магистрирала и сега конечно докторирала, откако одамна си ветила на себе дека ќе го направи тоа.

„Ќе се викам д-р Марихуана Пепси“, вели таа. Марихуана додава дека соучениците ја исмевале поради името, а наставниците и шефовите ја убедувале да го промени името. Таа избрала и тема во таа насока за нејзината дисертација: „Црни имиња во бели училници: Однесувањата на наставниците и перцепцијата на учениците“.

Вендик – која работи со полно работно време во Белоит Колеџот, колеџ за либерални уметности во Висконсин – вели дека и покрај нејзиното име никогаш не пушела марихуана и не пиела Пепси.

Сподели на Facebook
пати видено