Најголемиот кратер на Месечината, широк 1995 км, Јужниот Пол Ајткен, базен, стар 4 милијарди години крие нешто огромно и метално под својата површина. Открија истражувачите од универзитетот Бејлор. Тоа е откритие кое продолжува да ги збунува научниците. Од каде доаѓа оваа огромна маса и од што е направена?
„Замислете да земете еден куп метал, пет пати поголем од Големиот Остров на Хаваи и да го закопате под земја. Тоа е приближно колку неочекувана маса откривме.“, пишува авторот на весникот Питер Б. Џејмс.
Приказната за две теории
Постојат две причини поради кои масата постои според истражувачите кои ја откриле.
Првата е дека металот од астероидот кој го направи овој кратер некако успеал да остане под површината на месечината. Втората теорија е дека течната магма која станала цврста пред милијарди години оставила свој траг од никел и железо.
Без разлика на тоа што го формирало големиот базен, дознавањето на потеклото на базенот ќе помогне да се дознае нешто повеќе за формирфање на самиот сателит.
„Нема сомнежи дека базенот е интересен. Тој е најголемата точка на удар во нашиот соларен систем за која знаеме. Колку повеќе учиме за базенот толку повеќе ќе дознаеме за раните денови на Месечината, Земјата и нашиот внатрешен соларен систем.“, вели Росали Лопез, истражувачки научник во НАСА.