Со децении се теоретизира дека постојат паралелни вселени, слични на нашата но различни на свој сопствен начин. Науката конечно почна овие теории да ги сфаќа малку посериозно.

Тим научници тврдат дека паралелните вселени навистина постојат и се во постојана интеракција едни со други. Тие велат дека бесконечните реалности можат да влијаат една врз друга преку суптилни сили на одбивање и привлекување.

„Во познатата интерпретација за многу светови, секој универзум се разгранува во неколку нови универзуми секогаш кога ќе се изведе квантно мерење,“ вели професор Вајсман, водачот на истражувачкиот тим. „Така сите можности се остваруваат – во некои универзуми астероидот кој ги убил диносаурусите ја промашува Земјата. Во други, Австралија е колонизирана од Португалците.

Вајсман и неговите колеги од Центарот за квантна динамика при универзитетот Грифит велат дека:

  • Светот кој ние го доживуваме е само еден во огромниот број други светови кои се исти како нашиот.
  • Сите овие светови се реални исто колку и нашиот.
  • Сите квантни феномени се јавуваат од универзалната сила на одбивање помеѓу блиските светови.

Што следно ќе открие науката?

14134226267_6c0aa60d79

Сподели на Facebook
пати видено