„Беверли Хилс, 90210“ се враќа. Во продолжението, чија што премиера е закажана на 7 август 2019 година, ќе видиме како животот на саканите херои изгледа 30 години подоцна.
Фановите на оваа легендарна серија од 90-тите години веќе почнаа да ги „режираат“ првите сезони и да си замислуваат со што ќе ги изненадат сценаристите.
1. Серијата можела да има друго име
Креаторот на серијата Дарен Банет Стар сакал да му оддаде признание на неговиот роден град Потомак и да го пренесе дејството на серијата таму. Затоа, првиот наслов на проектот бил „Потомак, 20854“. Остатокот од филмската екипа се сомневала во успехот на таков производ и инсистирале на тоа дека модерниот Беверли Хилс е посоодветен за хероите.
2. Актерите биле постари од ликовите кои ги глумеле
Според сценариото, во првата сезона, возраста на ликовите од серијата била од 15-17 години. Сепак, сите актери во животот биле постари. Џејсон Присли (Брендон Волш) имал 21 година, Лук Пери (Дилан Мекеј) имал 24 години, Иан Зиринг (Стив Сандерс) имал 26 години, а Габриел Картерис (Андреа Цукерман) имала 29 години.
3. Семејството Волш не живеело во Беверли Хилс
Преселбата на Волш во Беверли Хилс беше еден од клучните настани во серијата. Но, всушност, нивниот дом се наоѓал во Алтаден, Калифорнија, на 50 километри од поштенскиот код 90210.
4. Сценаристите морале да се ослободат од некои ликови
Поради бременоста на Габриел Картерис, сценаритите биле принудени да прикажат дека хероината Андреа Цукерман, исто така, очекува бебе. Несериозниот пријател на Дејвид Силвер, Скот Сканлон, бил убиен бидејќи актерот Даглас Емерсон, кој ја играл таа улога, одлучил да не глуми во филмови, туку да оди на колеџ. Шенен Доерти била отпуштена откако таа, без консултации со филмската екипа, ја скратила косата, со што го променила имиџот на нејзиниот лик Бренда Волш.
5. „Татина ќерка“
Продуцентот на серијата Арон Спелинг се погрижи неговата ќерка Тори да ја има улогата на најсјајна хероина. Дона Мартин, која глумеше во Беверли Хилс, 90210, ја чуваше невиноста, додека нејзините пријатели го преминаа романтичниот однос на нова сцена без двоумење.
6. Главна четворка
Само четири актери учествуваа во сите сезони на серијата. Подолу се и нивните имиња. Патем, сите тие ќе бидат во наредното продолжение на серијата во 2019 година. Тие ќе бидат придружувани од омилените: Џејсон Пристли (Брендон Волш) и Шенен Доерти (Бренда Волш).
Џени Гарт (нејзината улога е Кели Тејлор)
Тори Спелинг (Дона Мартин)
Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер)
Иан Зиринг (Стив Сандерс)
7. Бунтовник кој сите го сакаа
Првично било претпоставувано дека Дилан Мекеј ќе биде само епизодичен лик. Но бидејќи достигнал оргомна популарност кај публиката решиле да го остават во серијата. За жал, талентираниот актер Лук Пери, кој ја одигра оваа улога, не напушти на 4 март 2019 година. Но, токму тој, најмногу сакаше да го види продолжението на серијата.
8. Оскаровка која била отстранета од серијата
Хилари Свонк била вознемирена кога нејзиниот лик – самохрана мајка Карли Рејнолдс била отстранета од серијата, но да не се случио ова таа не би глумела во филмот „Момците не плачат“ и не би добила Оскар.
9. Возрасна верзија
По успехот на серијата Дарен Банет одлучил да направи проект за возрасни, серија „Мелроуз Плејс“. Во епизодните улоги играле многу ѕвезди од претходната серија, но генерацијата на 30-годишници била во центарот на приказната.
10. Ова не е несериозна серија
Серијата ги допира тешките социјални проблеми: алкохолизам, зависност од дрога, насилство, нарушувања во исхраната, антисемитизам, абортус итн. Младите херои од серијата разговараа со истите млади гледачи на ист јазик. Тие успеаа не само да ја забавуваат публиката, туку и да ја демонстрираат различноста на животот на прагот на развојот. Можеби тоа е причината зошто со серијата „Беверли Хилс, 90210“ пораснаа цели генерации, кои денес со носталгија се сеќаваат на оваа култна ТВ-серија.