Човек од Флорида мислел дека ја добил најдобрата зделка во животот откако за 9.100 долари си купил вила во Флорида. Тој „вилата“ ја купил на онлајн аукција.
Кервил Холонис во тој момент мислел дека ја купил вилата Тамарац, во вредност од 177.000 долари, за време на интернет-аукцијата на Broward на имоти кои не ги исполниле нивните даноци.
Сепак неговата среќа траела кратко кога сфатил дека купил лента од трева во должина од 30 метри во северозападниот дел на Спринг Лејк, триумфално парче земја во вредност од само 50 долари.
Парчето земја започнува на тротоарот каде што стојат две поштенски сандачиња и оди под ѕид одвојувајчи на гаражи на две соседните вили, а потоа се протега до дворовите на домовите. Полицијата вели дека не може да направи ништо во врска со случајот на Кервил.
Кервил вели: „Тоа беше измама. Немаше обележано кој дел се продава иако имаат алатки за да го покажат тоа. Ако сум доволно злобен можам да им ги исечам гаражите, ама каде е користа тука за мене.“ Сега службениците ги предупредуваат учесниците на аукцијата да бидат претпазливи во врска со понудите за купување на имот.