Дастин Јелин, уметник од Бруклин бил задолжен од страна на Балетот на Њујорк да инсталира нова серија од неговите фигуративни колажи. Уметникот овие скулптури ги нарекува „Психогеографии“ бидејќи „изгледаат како мапи на душата“.

sd01

Секоја голема скулптура е украсена со чудни предмети – исечени книги, списанија и отпад најден на улицата – кои потоа се запечатуваат во повеќе слоеви стакло. „Замислете си дека сте нацртале цртеж на стакло,“ вели Јелин, објаснувајќи го процесот, “ и потоа врз тој прозорец залепите друг прозорец, и сѐ така додека не добиете сендвич од прозорци. Јас правам сендвичи од прозорци“.

Резултатот наликува на танчери кои позираат во различни пози. Во атриумот на театарот Дејвид Х. Коч при центарот Линколн биле инсталирани вкупно 15 вакви „прозорци сендвичи“, секој од нив тежејќи по 1300 тони.

sd02

sd03

sd04

sd05

sd06

sd07

sd08

sd09

Сподели на Facebook
пати видено