Млад, неискусен и штотуку создаден сперматозоид си пливал весело и си мафтал со опашката. Видел еден стар сперматозоид и решил да го праша за совет, за работите од животот на сперматозоидите.
– Здраво батка. Можеш ли да ме советуваш, јас сум нов и не знам што точно треба да правам? Воопшто не ми е јасно. Можеш ли да ме научиш?
– Нема којзнае колку за учење. Сè е многу едноставно. Штом ќе се отвори ходникот, пливаш напред со сите сили. Кога ќе видиш едно такво големо и црно, ќе го прашаш „Ти јајце-клетка ли си?“ Ако ти каже „Да“, брзо влегуваш внатре и таму ќе ги дознаеш сите детали.
Речено, сторено. Дошол моментот. Се отворил ходникот. Младиот јунак летнал со сите сили напред. Гледа едно големо и црно пред себе. Се доближува до него и прашува:
– Ти јајце-клетка ли си?
– А бе оставете ме на мира бе досадни едни! Кариес сум јас! КАРИЕС!