Туристите ги нарекуваа „жени жирафи“ кога го посетија бегалскиот камп. Тоа беше во деведесеттите кога посетителите од западот се запознаа со оваа древна традиција. Денес културата на жените жирафи, наречени Кајан Лахви, се менува.
Кајан
Кајан се огранок од народот Карени, кој живеел во Бурма. Групата Кајан е сочинета од повеќе племиња. Кајан Лахви се најпознатите. Ова е групата на која припаѓаат „жените жирафи“.
Напуштањето на Бурма
Многу припадници на народот Кајан ги напуштија нивните домови во доцните осумдесетти раните деведесетти како последица на конфликтот со воените лидери на Бурма.
Бегалци
Откако избегале од Бурма, Кајаните биле присилени да живеат во бегалски кампови секаде кадешто можеле. Основале домови долж тајландската граница и формирале облас која била наречена „Областа на долгите вратови“.
Долгиот врат
Областа на долгите вратови стана огромна туристичка атракција поради изгледот на Кајани жените.
Атракција
Благодарение на ова, областа стана финансиски независна, а „жените жирафи“ станаа ѕвезди.
Прстени за вратот
Племето Кајан Лахви е познато по прстените кои жените ги носат на нивните вратови. Месинганите прстени се носат за да ги издолжат нивните вратови. Девојчињата започнуваат да ги носат на петгодишна возраст.
Издолжувањето
Со текот на годините се додаваат нови прстени, што прави вратот да изгледа издолжен. Но всушност вратот воопшто не се менува, туку делот под него.
Штетата
Тежината на овие месингани прстени ја притискаат клучната коска. Ова врши притисок врз градниот кош и го менува извивањето на рамениците. Се менува обликот на клучната коска и тоа прави вратот да изгледа подолг.
Зошто
Според припадниците на ова племе, жените ги носат прстените на вратот бидејќи сметаат дека се убави, како и долгите вратови.
Прстените не се отстрануваат
Штом ќе се стави прстен на вратот, тој повеќе не се вади. Одмотувањето на прстените е долг процес. Се вади само ако сакаат да стават подолга намотка или поради медицински преглед.
Раскинување со традицијата
Помладите жени од ова племе во 2006 почнаа да ја прекинуваат традицијата, вадејќи ги прстените од вратот. До 2008 ова стана популарен избор помеѓу младите жени во племето. Дури и постарите жени почнаа да го следат нивниот пример. Неудобноста околу вратот по вадењето на металните прстени вообичаено исчезнува за неколку дена, но за да се повлечат модринките е потребно подолго време.
Култура која се менува
Бурманската влада го охрабрува отфрлањето на металните прстени. Оваа поранешна „жена жирафа“ решила да го стори тоа. Жените од племето Кајан Лахви се менуваат и старата традиција наскоро можеби ќе стане дел од минатото.