Броди Бака, од Риверсајд, Калифорнија си ја секнал раката и сакал да си најде фластер. Тој влегол во бањата на неговата сестра и си пронашол „совршен голем фластер“. Веднаш потоа отишол да се пофали кај неговата мајка Кристал.
Кога го прашала што му е тоа на рака тој ѝ рекол: „Голем фластер од Пеги. Јас само го позајмив.“ Неодоливото мало момченце потоа објаснува како е супер што фластерот му ја опфаќа целата рака. Тој вели: „ Ова е нешто што Пеги го користи кога ќе се повреди на бејзбол тренингот и кога јас имам гребнатинки ми требаат фластери како овие.“
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.