Симон Мартин од Сомерсет се запознал со својата сега сопруга Една на концерт во 2003 година и вели дека тоа била „љубов на прв поглед“.
Ова не звучи како необична приказна, но она што прави луѓето да ги вртат главите кога ќе го видат овој брачен пар е нивната разлика во годините. Симон има 44 години, а Една 83 години.
Тие се во брак веќе 14 години и велат дека нивната страст не стивнува. Една изјавила дека сѐ уште уживаат среќен сексуален живот и им докажале на сите кои се смоневале во нивната љубов дека грешат.
„Сè уште сме интимни во спалната соба, како и секој пар. Често ќе застанеме на улица и добро ќе се бакнуваме. Никогаш не сум се срамувала од јазот на возраста во јавност. Муго бакнувам вратот на Симон и го удирам по задникот во супермаркет. Ние само го правиме она што двајца љубовници го прават.“, вели таа.
Парот се појави на насловните страни низ светот во 2005 година, кога нивната љубов стана јавна. Многу луѓе ја обвинија Една, која сега е прабаба, дека го искористила наивното момче како играчка. Меѓутоа, во 2015 година, двојката избра да ги обнови своите свадбени завети во нивниот дом во Сомерсет и во последниве години си доделиле и прекари „Прасенце“ и „Прасица“.
Симон, кој се смета за музички гениј во локалните кругови, продолжува да ја шармира Една со нејзината омилена песна „Добра ноќ, душо“ на оргули.
44-годишниот редовно правел турнеи земјата пред да добие дијабетес од тип два и трансплантација на бубрег го принудила да се пензионира.
Исто така, Симон страда од дислексија, диспраксија и Аспергеровиот синдром и може да изведе нумера на оргулите откако ќе ја слушне само еднаш.
Една, е пензиониран инженер, која подоцна станала секретар за локален театарски клуб на оргули. Нејзините деца, 59-годишната Лорејн и 57-годишниот Расел секогаш ја поддржувале врската на нивната мајка.
Симон и Една биле запознаени преку заеднички пријател и иако таа слушнала за Симон не го знаела во живот. На крајот на средбата таа го бакнала во образот, а тој ја прегрнал и тогаш велат дека и двајцата знаеле дека ќе завршат заедно.