Мајк Тајсон ги остава своите боксерски ракавици и ќе запали еден џо*нт, откако основа компанија за производство на марихуана во средината на пустината Калифорнија.
52-годишниот поранешен светски шампион во тешка категорија ја создаде својата компанија Тајсон Холистик во 2016 година и продава низа производи од марихуана, како и разни екстракти и храна.
Но, сега поранешниот боксер прави „игралиште“ со марихуана со големина од 170 хектари во Дезерт Хот Спрингс, во кое ќе биде сместен музички фестивал и најдолгата „мрзелива“ река во светот. Одморалиштето е дизајнирано да биде чудотворна земја на трева со туристички атракции, луксузен хотел, шуми, мрзелива река за кој ќе биде потребен цел час за да се премине, и арена за музички фестивали и концерти.
Таму ќе биде и Универзитетот Тајсон каде што ќе се учат техниките на одгледување на канабис на идните земјоделци.
По боксерската кариера Тајсон неколку години злоупотребувал супстанции и марихуаната му помогнала да излезе од овој пекол.
Тајсон вели дека визијата е да се едуцираат и да се ангажира јавноста во лековитите својства на канабисот и CBD. На гостите ќе им биде дозволено да пушат насекаде во паркот, освен места каде што се продава алкохол. Сепак тука нема да се произведува марихуаната туку само ќе се консумира.
Тајсон го води својот бизнис со марихуана од неговата канцеларија во Ел Сегундо, Калифорнија и тој работи на проширување на својата империја.