Раѓањето на Марика го привлече вниманието на јавноста откако стана првото дете родено во забранетата зона на Чернобил.
Приказната за сега 19-годишната девојка покрена многу контроверзии бидејќи голем број на луѓе ги обвинуваа родителите на Марика дека го „убиваат“ девојчето со тоа што сѐ уште живеат таму.
Таа е родена во 1999 година, една деценија по катастрофата. Нејзиното раѓање било прикриено од страна на украинските власти бидејќи се срамеле да признаат дека има луѓе кои сѐ уште живеат во забранетата област.
Лидија и сопругот Михаил, кој бил пожарникар повикан на реактор 4 во ноќта на експлозијата во 1986 година, одбиле да ја напуштат зоната на исклучување, бидејќи на нив не им било понудено домување за евакуација од страна на Советскиот Сојуз.
Лидија не знаела дека е бремена и се породила со помош на сопругот Михаил, кој ја пресекол папочната врвца на својата ќерка пред да ја искапе. Откако се родила Марика нејзината мајка изјавила дека сите ги третирале како „криминалци“ затоа што не сакале да си заминат од областа.
Марика продолжила да расте таму и нејзините родители продолжиле да ги игнорит предупредувањата на владата дека ја ставаат ќерката во смртоносна опасност, бидејќи младата Марика пиела млеко од крава што пасела на озрачени пасишта и пиела вода и јадела риби од озрачен поток.
Сега на возраст од 19 години, таа е студент во водечка високообразовна институција и се надева дека ќе работи во туристичката индустрија. За да плати за своите студии таа работи во модерен бар.
Таа не сака да зборува за своето минато, но потврди дека е здрава и изјавила: „Добро сум, работам. Јас озбезбедувам доволно средства за себе. Тоа е тоа.“
Иако Марика сега живее и работи надвор од забранетата, повремено добива дозвола за посета на нејзината мајка – сега на возраст од 66 години – која сѐ уште живее и работи таму.
Нејзината мајка потврдила дека Марика е здрава, и е „горда“ за успехот на нејзината ќерка да се движи во животот по нејзиниот уникатен почеток.