Кинси Волански која ги збуни играчите на теренот за време на финалето на Лигата на шампионите во 25-тата минута на наптреварот Ливерпул против Тотенхем вели дека може да се пензионира на 30 години поради вртоглавата сума што ја заработила од нејзината егзибиција.
Но, најдобро од сѐ е што 22-годишната Кинси вели дека ова не е последниот натпревар на кој планира да „влета“. Одблиску можете да ја видите тука.
Таа е девојка на Виталиј, Јутуб ѕвездата која го освои светот со своите шеги и измами. Таа всушност влета на теренот за да го изрекламира порно сајтот на своето момче „Vitaly Uncensored“. И трикот успеа. Од 230.000 следбеници на Инстаграм за неколку часа Кинси имала над 2 милиони, а понудите за соработка, реклами, интервјуа и слично не престануваат да растат.
За само неколку часа Кинси заработила 4 милиони евра и девојката вели дека ова е само почеток. Моделот од Лос Анџелес вели дека добила и флертувачки порааки од неколку играчи на Ливерпул, но не им вратила затоа што си има момче.
И покрај тоа што била уапсена и поминала 5 часа во шпански затвор, Кинси вели дека ова е најдобриот потег во нејзината кариера. „Додека да наполнам 30 години планирам да се пензионирам, а упадот во Лигата на шампионите само ќе ми помогне да постигнам тоа.“, вели таа.