Јапонија има огромен проблем со сексуалното злоставување во јавниот градски превоз. Иако се случува некој од патниците херојски да го спречи манијакот, жените често се обидуваат да ги игнорираат, плашејќи се да преземат нешто.

Полицијата на Токио дури направи и мобилна апликација со која жените ќе може лесно да ги пријавуваат перверзниците. Апликацијата има интересна опција да покаже текст порака на екранот за жртвата да може дискретно да побара помош од другите патници. Апликацијата е инсталирана 240.000 пати, што е само уште еден показател со какви размери е овој проблем.

Освен тоа, властите се справуваат со проблемот и на некои други креативни начини, како што се женски возови, во кои не е дозволено да се возат мажи или полицајци во цивил во секој од вагоните. Исто така насекаде има поставено камери, но ништо не може да ги спречи манијаците.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено