24-годишната Алекс е само една од илјадниците австралиски жени што се пријавиле на апликацијата „Барајќи аранжман“ која ги поврзува „шеќерните-татковци“ (sugar-daddies) со помлади жени. Во интервју таа и нејзиниот „шеќерен-татко“ кој е во своите 60-ти години зборуваат за придобивките од нивната „извонредна врска“.
„Дури иако се*сот не одличен на крајот на денот имам пари од тоа.“, вели младата Алекс. Таа отворено признава дека го сака богатството на Боб. Тој е двапати разведен, оди на бастум и е скоро три пати постар од неа, но таа вели дека не ѝ е „морничав“ фактот што може да ѝ биде дедо.
Во меѓувреме, Боб е повеќе од среќен да ги троши своите пари во замена за „друштвото“ на Алекс: „Тоа не е добротворна организација. За една жена да најде момче кое ќе биде исклучително великодушно, без да се очекува секс за возврат, би помислил дека тоа е повеќе исклучок од нормата.“
Една од девојките кои бараат ваков вид на „инвеститори“ на почетокот на видеото вели: „Некои луѓе веруваат во Господ, јас верувам во шеќерни-татковци“
Боб вели дека аранжмант за него е едноставен, тој сака „се*си жени“ и тој е подготвен да плати за нив и има пари да го стори тоа. Кога го прашале дали тие жени треба да бидат млади, Боб одговорил со „да“. Сепак тој негирал дека се чувствува како „манијак“ поради тоа што го прави.