Во магацин во Мадрид шпанската полиција успеа да пронајде 785 добро скриени пакети со кокаин со вкупна тежина од околу 1 тон. Шверцерите биле многу креативни, но полицијата сепак успеала да ги фати. При ваквите акции, секогаш прашање е колку кокаин поминал до сега на истиов начин. Веројатно десетици пати по толку колку што фатија.
За да го сокријат кокаинот, шверцерите правеле лажни камења околу секоја од кесичките. Затоа полицајците долго време морале да кршат камен како на каменолом.