Експертите предупредија луѓето да престанат да ги изведуваат „Вакум предизвикот“, бидејќи може да доведе до задушување. Предизвикот се шири на интернет, бидејќи корисниците на социјалните медиуми – од Велика Британија и од целиот свет – ги споделуваат видеата каде деца, најчесто тинејџери се сместуваат во кеса за ѓубре, со што родителите или пријателите го извлекуваат воздухот со правосмукалка.
Ова би можело да биде доведе до церебрална хипоксија предизвикана од задушување, додека кесата се затега околу вратот. Недостатокот на воздух во кесата значи дека луѓето не се во состојба да се движат и често паѓаат на земја, губејќи ја контролата врз нивните екстремитети.
Предизвикот потекнува всушност од се*суален фетиш, кој се врши со „вакум кревет“ познат кај садо-мазо заедницата.