Авторот на овие фотографии пишува дека пред некој ден на неговиот петгодишен син му била зададена задача во градинка да нацрта цртеж на слободна тема. Младиот уметник веднаш не разбрал што се барало од него и откако повторно прашал, учителката му рекла „Нацртај нешто што го сакаш“. Кога детето го нацртало „ова“ – учителката го повикала психологот, кренале паника и итно го повикале таткото на разговор.
Психологот го опишал цртежот со зборовите: „Вашиот син наслика многу мрачна слика, со доминација на темни бои, агресија на лицето, а на долниот дел дури и крв. Очигледно нешто многу го вознемирува детето.“
Таткото, познавајќи си го своето дете не одговорил ништо, само си заминал дома, каде што сѐ си дошло на свое место. Кога таткото го прашал синот што нацртал на цртежот, детето објаснило дека тоа што го сакало во моментот било полна тава со плескавиците на мама, затоа што било многу гладно.