Си купив нов стан. Ѕидовите тенки, такви ги прават сега. Постојано ја слушав комшивката како му врескаше на своето куче:
„Пак ли влезе со гнасните шепи, гаду еден?!“, „Каде луташ по цел ден како да си куче без куќа?“ и продолжуваше дека не знае да јаде, дека е глупо, за сѐ и сешто. Дури му викаше и „Подобро да си земев едно прасе, ем ќе јадеше помалку, ем на крај ќе го заколев!“
Премногу ми беше жал за кутрото кученце, се додека еден ден не разбрав дека таа жена нема никакво куче, само маж.