Еден човек кој пушел по 100 цигари на ден во текот на 27 години открива како се откажал од „гнасната“ навика. Волтер Хамфрис од Австралија палел цигара веднаш откако ќе станел од спиење во 5 часот наутро и пушел една по друга додека да си легне во 22 часот.
„Бев движечка катастрофа. Пушев една по друга цигара, цел ден, цела ноќ“, вели 58-годишниот човек. Волтер имал само 13 години кога неговите пријатели му вршеле притисок да ја проба првата цигара. Она што започнало како лоша навика се претворило во „ужасна“ зависност за време кога завршил во затвор во 1990 година.
Волтер кој доаѓа од семејство кое е исто така зависно од никотин, скоро 30 години не се обидувал да се справи со истата. Тој вели дека имал дамки од никотин на прстите, на креветот и дека бил во целосен хаос. Тој пушел дури и додека се борел со леукемија и неколку третмани на хемотерапија пред седум години.
Тој неколку пати се обидел да се откаже дури и заминал на фарма за да работи со цел да заборави на цигарите, но скапата зависност не си „заминувала“.
Пред две години хроничната дијагноза на болест на белите дробови го натера г-дин Хемфрис да се обиде да го искористи најдоброто од својата „втора шанса“ во животот. Со помош на Quitline од Квинсленд, тој намалил – прво од 100 цигари дневно до 80, потоа на 60, 40, 20 и конечно на нула.
Најтешкиот дел бил првиот чекор, од 100 цигари да намали на 80. Тој вели дека си ги грицкал ноктите и си ги гризел прстите затоа што не знаел што да прави од нервоза.
Неговиот најголем совет за пушачите кои сакаат да престанат да пушат е да размислуваат за сѐ друго освен на пушењето. „Ако размилувате за тоа готови сте. Одете некаде и правете нешто, било што. Гледајте ТВ, туширајте се, бидете зафатени и не размислувајте за тоа.“, вели Волтер.
Тој вели дека сега се чувствува 100% подобро: „Одите по улицата и можете да го помирисате свежиот воздух, мирисот на океанот не можев да го направам тоа порано … Ако можам да помогнам само едно лице да се откаже од навиката тогаш вреди да се прави оваа приказна.“