Уметниците и писателите честопати ја менуваат својата работа толку многу за време на процесот на креирање, што конечниот резултат може да изгледа многу поинаку од она што било првично планирано.
И понекогаш, други уметници додаваат свои промени на делата. Додека нацртите за романите можеме без проблем да ги прегледаме сликите се сосема друга работа.
1. Црн квадрат од Казимир Малевич
Во 2015 година истражувачите пронајдоа повеќе од една слика под црната боја. Повеќе од тоа, овие слики се со различни стилови на уметноста. Првата е во стилот на кубо-футуризмот, а втората која била под црниот квадрат е прото-супрематизам. Значи, според некои истражувачи, 3 слики една врз друга ја симболизираат транзиција на уметникот од еден во друг правец.
2. Млада жена со еднорог од Рафаело Санзио
Историјата на промените што се случиле со оваа слика сѐ уште е мистерија. Но, реставраторите успеале да ја најдат оригиналната слика. На почетокот, уметникот насликал жена, но подоцна одлучил да стане светица. Еве што се сменило: додадена е дланка, како и тркалото, а на рамениците се појавила наметка. Плус, еднорогот што повеќе не се вклопувал во концептот веќе бил отстранет. Сликата првично била позната како Света Катерина од Александрија.
Кога реставраторите продолжиле со истражувањето, дознале дека на почетокот, жената првично држела мало куче во рацете. И второ, самиот Рафаело ја насликал само жената, небото и пејзажот, но деталите (како столбовите и кучето) биле додадени од друг уметник. Патем, истражувачите користеле рендген за да ја истражат оваа слика.
3. Ангелус од Жан-Франсоа Милет
Тајната на оваа слика била откриена благодарение на другн познат уметник – Салвадор Дали. Тој не можел да рзбере зошто мажот и жената биле толку тажни. На крајот побрал од експерти од Лувр да ја испитаат. Тие пронашле скриен слој во сликата каде што имало мртво, некрстено дете кое било погребано во полето.
Подоцна, во мемоарите на Милет било откриено дека сликата првично била наречена Погреб на едно дете во полето, но била преименувана за да може да се продаде. Дали го коментирал откритието велејќи: „Отсекогаш сум чувствувал смрт во оваа слика“.
4. Старец во воена униформа од Рембрант ван Рејн
Во 1968 година, научниците нашле втор портрет под сликата. Но, било можно да се погледне во детали во 2015 година благодарение на новата технологија. Експертите веруваат дека сликата го покажува таткото на уметникот. Но, тие не можат да го идентификуваат лицето што го насликал уметникот на вториот слој.
5. Трева од Винсент ван Гог
Во 2008 година, белгиските и холандските научници пронашле скриен слој во една од сликите на познатиот уметник Винсент ван Гог. Тревата е нацртана со зелено-сини нијанси и скриената слика е во црвено-кафена боја. Повеќе од тоа, тоа е портрет на жена. Нејзиниот идентитет е непознат.
6. Дама со хермелин на Леонардо да Винчи
Францускиот инженер Паскал Коте открил дека познатата слика некогаш го немала животното. Не се знае зошто уметникот подоцна го додал животното на сликата.
7. Маѓепсана поза од Рене Магрит
За да се пронајде оваа сликата морало да се спроведе целосна истрага. Сликата се појавувала на изложби во почетокот на 20-тиот век и потоа исчезнала, со што се верувало дека била уништена. Ситуацијата се променила кога во 2013 година, вработените во Музејот на современа уметност во Њујорк се посомневале дека под сликата на Рене Магрит, има друга слика. Откако ја пронашле сликата почнале потрага и по останатите изгубени дела. Тие биле пронајдени под други слики во други музеи. Сепак мистеријата не можела да биде целосно решена затоа што за да дојдат до тие слики треба да уништат други.
8. Поглед на Шевенингенските Песоци од Хендрик ван Антонисен
За време на реставрацијата било откриено дека на сликата има кит. Китот бил отстранет за да се избегне гневот на јавноста поради мртвото животно.
9. Мона Лиза од Леонардо да Винчи
Една од најпознатите и мистериозни слики во историјата сè уште го восхитува светот со своите тајни. Верувале или не, постојат уште 2 други портрети под Мона Лиза. А други мислат дека експертите го откриле креативниот процес на уметникот и не постојат дополнителни портрети во сликата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.