Доколку немате момче или девојка, сакате да патувате, спремни сте за нова врска, а не сaкате многу да работите, тогаш вие би биле совршениот вработен за Bumble, апликација за запознавање.
Сѐ што треба да правите е да патувате низ светот, да се запознавате со нови луѓе, да стекнувате пријатели и по можност да ја запознаете својата „сродна душа“ и сетоа тоа на сметка на Bumble.
Работното место е насловено како „Global Connector Bee“ (Глобална пчелка за поврзување) и е наменето за индивидуа која е подготвена да се справи со нијансите на запознавањето, наоѓање пријатели и вмрежување низ целиот свет.
Апликантот може да очекува да посети голем број локации, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Обединетото Кралство и САД. И додека ќе се очекува да „работи“, најчесто ќе го поминува своето време во раскажување на светот за своите искуства на креативни и интересни начини.
Значи, што треба да направите за да аплицирате за најдобрата работа во светот?
Апликантот ќе треба да биде подготвен да се справи со светот на запознавање и сето она што доаѓа со него, како и да се создаде нови пријатели и да изгради врски. Работата ќе бара од вас да ги споделите вашите искуства на блог или апликација, социјални медиуми или друг креативен начин.
Дополнително, ако имате талент за раскажување приказни, бидете сигурни ова да го истакнете бидејќи ќе пишувате за вашите авантури. Апликациите се поднесуваат најдоцна до 15-ти јуни преку нивната апликација.