Банкротираниот татко бил обвинет за крадење на идентитетот на неговиот 14-годишен син и правење на долг на негово име во износ од над 120.000 долари.
Мајкл Тричило од Пенсилванија банкротирал и затоа решил да го украде идентитетот на неговиот син Мајкл Тричило Џуниор, кога момчето имало 14 години.
Сега 22-годишниот Мајкл Џуниор открил дека некој со информации за неговиот број од социјално прави огромен кредит на негово име. ПРв пат бил забележан проблем кај сметките на момчето кога имал 16 години и кога сакал да бара заем од банката за да го купи првиот автомобил.
Кредитна проверка покажала дека имал значителен износ на неподмирени кредити и неплатени сметки за кредитни картички. Таткото кој претходната година прогласил банкрот ја заташкал ситуацијата и продолжил да собира долгови на името на неговиот син.
Таткото сега се соочил со 18 кривични дела, вклучувајќи кражба на идентитет и измама. Неговиот син првично одбил да соработува со истрагата и им изјавил на детективите дека не сака да поднесе обвиненија против неговиот татко, но се предомислил кога сфатил дека нема друга опција.
Откако сите во семејството дознале за изматата Мајкл ветувал дека ќе ја реши ситуацијата, но откако и по неколку години не успеал, а на Мајкл Џуниор му претел затвор и банкрот го пријавиле Мајкл во полиција.