За жал, секојдневно наидуваме на тоалети кои не се баш чисти. Сѐ почесто гледаме тоалети во трговски центри или автобуски станици каде што хигиената е на ужасно ниво и веќе си размислуваме дека е подобро да „патиме“ отколку да влеземе во нив.
Сепак и кога тоалетот е чист луѓето имаат „предрасуди“ за одредени делови од него. Но, не треба да се грижите за одредени делови, затоа што опасноста се крие на најнеочекуваните места, а еве и кои.
Едно од најбезбедните места во јавниот тоалет
- Парадокаслно тоа е самата тоалетна школка. Ова е затоа што овој дел од тоалетот најчесто се чисти. Еве што не знаевте за јавните тоалети.
- Можете да седите на неа. Ние сметаме дека тоалетите се епицентарот на сите бактерии во светот, но контакт со нив не значи дека веднаш ќе се разболите. Сепак нашата кожа обезбедува заштита од повеќе бактерии. Но, бидете внимателни ако имате чувствителна кожа или иритација: дерматитис може да се појави поради агресивни детергенти.
- Вирусите како херпес, хламидија или гонореа генерално живеат надвор од човечкото тело само 10 секунди. ХИВ се пренесува само преку крв или сексуален контакт, како што и папилома и сифилис. Немате шанса да добиете ППБ во тоалетот. Тотално. Апсолутно. И сите страшни приказни за ваквите инфекции што ги слушнавте биле лага. Секако полесно е да се обвини валкан тоалет отколку да се признае дека се работи за изневерување.
- На многумина им е тешко да се надминат одвратноста и да седат на школката. И ние ги разбираме таквите луѓе. Но навиката да не седите на неа е уште полоша. Како што објаснува физиотерапевтот, ова може да доведе до нецелосно празнење на мочниот меур, зголемување на фреквенцијата на урина и развој на инфекција на мочниот меур.
Најопасните места во тоалетот
- Подот. Не ја ставајте чантата на подот затоа што со неа ќе ги однесете сите работи кои претходните посетители ги донеле на чевлите.
- Копчето за пуштање вода. Најчесто се допира, а најмалку се чисти затоа користете марамче и не оставајте работи на него за да не понесете армија од бактерии.
- Рачка на вратата Микробите најчесто се населуваат на површината на тоалетот, на подот, рачката и држачот за хартија. Затоа, не заборавајте да ги измиете рацете темелно откако ќе ги користите овие работи.
- Течен сапун, чешма и мијалник. Овие работи луѓето најпрвин ги допираат со ваклани раце а потоа ги користат, затоа најдобро е да ја затворите чешмата со тоалет или палома откако ќе завршите со миењето на рацете.
- Сушачите за раце, за жал, не се сметаат за многу хигиенски. Прво, тие го користат воздухот од тоалетот полн со бактерии, и едноставно ги разнесуваат. Второ, во нив се собира влага, која станува добар медиум за истите бактерии.
Како да се заштитите во јавен тоалет
- Мијте ги рацете 15-30 секунди. Вашиот главен застапник во јавните тоалети е правилно миење на рацете. Погледни ја сликата погоре: вака изгледаат рацете под ултравиолетово светло, ако ги миете само 6 секунди, 15 или 30. Белите точки се акумулации на бактерии.
- Оставете ги работите надвор. Палтото и чантата не треба да земаат во кабината. Ако немате друг избор, користете закачалки.
- Користете салфетки или крпи. Сушачите ги шират бактериите низ просторијата.