Иако свадбата се смета за најубавиот ден од животот, може да биде и прилично стресен. Треба да одберете што да носите, кого да поканите, па сите обичаи, додека Јапонците решиле да ја направат свадбата поедноставен чин. Таму станаа популарни тематските венчавки и тоа ни помалку ни повеќе „Покемон венчавки“.
Покемон компанијата неодамна се здужила со ESCRIT, јапонска компанија специјализирана за свадбени церемонии, да започне да нуди официјално лиценцирани „Покемон венчавки“. Свадбата е буквално целосно во покемон темата. Дури и на венчалниот лист го има малото жолто суштество.
Секој дел од свадбената церемонија е поврзан со Покемон на некој начин, од храната до декорациите на масата до салфетите до … во ред ја сфативте поентата. Има дури и две маскоти Пикачу, една за младоженецот една за невестата. Кој знае можеби тоа се нивните кумови… Погледнете како изгледаат ваквите свадби.