Николас Џонс бил стопиран од полицајци во својата Hyundai Elantra. Сепак 19-годишното момче решило малку да се „забавува“ и кога полицаецот излегол од својот автомобил ја запалило колата и избегало.
Полицајците тргнале по него, но не успеале да го фатат. По еден час полицискиот диспечер добил чуден повик.
Момчето се јавило во полиција за да се „пожали“. Николас рекол: „Зошто ве плаќаме? Поминав 4 полициски возила. Мислам тој (полицаецот) ги вклучи ротационите светла и застана зад мене, а додека одеше кон мојот автомобил направив крофна околу него и го оставив таму. Мислам… моето прашање е најверојатно требл да јави на радиото дека се бара мојот автомобил… мислам сигурно ми ги виде регистарските таблички, а јас поминав покрај 4 полициски возила, се возев наоколу и ништо. Мислам, што правите вие дечки?“
Диспечерот му одговорил: „Па ние работиме на повеќе повици господине.“ Џонс кој веќе бил баран за друг инцидент бил уапсен наредниот ден. Тој бил обвинет за непромислено возење, бегање од полицијата, злоупотребување на 911 и прекршување на условна казна.
Николас подоцна во полицијата изјавил дека избегал од полицаецот затоа што мислел дека тоа ќе биде „забавно“.