Се верува дека нашата планета моментално се соочува со највисока количина на гасови со ефект на стаклена градина во атмосферата отколку што некогаш доживеала низ целото постоење на човештвото. Се чини дека откако почнавме да сфаќаме што се случува буквално сме сведоци на катастрофа пред нашите очи, почнавме да бараме позитивни иницијативи кои можат да ја сменат трагичната моментална состојба во која живееме.
Но, наместо да се концентрираме на негативното, ајде да погледнеме какви позитивни работи се прават за да се спаси планетата, а во исто време да им се помогне на децата во образованието.
Акшар е прилично нетрадиционално училиште во Индија, каде што учениците носат кеси со пластика секој ден на пат кон училиште
Коосновачот на училиштето, Мазин Мухтар, вели дека дошол до идејата со неговата сопруга откако се запознале во Њујорк во 2013 година. „И двајцата веќе сонувавме да започнеме нов вид на училиште специјално дизајниран за деца кои живеат во сиромаштија. го формиравме Акшар истата година се запознавме и го основавме нашето училиште.“, вели тој.
„Кога го започнавме центарот за рециклирање, родителите најпрво не соработуваа. Така, дојдовме до идејата за ‘пластични школарини’ за да ги принудиме родителите да рециклираат. Училиштето беше бесплатно со години пред да почнеме со таа политика. Во реалноста, тоа е повеќе како задолжителна домашна задача отколку училишна такса.“, објаснува Мазин.
Повеќето од децата работеле како работници во блиските каменоломи пред да се основа ова училиште
Во каменоломите тие заработувале околу 2,50 долари дневно. Бидејќи училиштето не може да ги плати децата, најдоа алтернатива. Акшар им понудил на постарите ученици да ги подучуваат помладите и на тој начин да заработат токени кои подоцна им овозможуваат на учениците да купуваат закуски, хартија и облека.
Учениците исто така можат да побараат од наставниците да купат нешто онлајн. Наставниците едноставно ги менуваат нивните заработувачки во вистински пари и нарачуваат нешто што ученикот сака од Амазон.
Училиштето ги учи и нивните ученици и родители за штетните ефекти од пластика. Според Пармата, сопругата на Мазин и коосновач на училиштето, многу родители користеле пластика за да ги загреат своите домови. Откако училиштето започнало да ја едуцира заедницата, тие биле шокирани кога дознале за опасностите на кои ги изложуваат своите деца.
Училиштето започнало со само 20 деца, а сега се 110
Секој ученик носи неделно околу 25 парчиња пластичен отпад како свој придонес кон заедницата. „Првично, повеќето од нашите тинејџерки беа напуштени и деца-работници. Сега, тие заработуваат пари во училиште со настава за време на училишните часови и со работа со нашиот Центар за рециклирање по училиште.“, доава Мазин.