Беки Шатлворт од Велика Британија е тренер за кучиња и со текот на годините во својот дом успеала да собере дури 22 миленици. Нејзините кучиња доаѓаат од цела Англија и Романија, а последното го посвоила во декември 2018 година.

Тренерот за кучиња сега троши од 400 до 500 евра месечно на нејзините кучиња и го отфрла нејзиниот партнер Кевин.

За жал 36-годишниот Кевин не спие во истата соба со својата 33-годишна сопруга. Тој спие во гостинската соба за да може таа да биде со своите „бебиња“.

Иако кучињата ја чинат прилично многу пари и тука е и секојдневниот хаос во домот, Беки вели дека никогаш не жали што посвоила толку многу кучиња.

Таа вели: „Првично планирав да имам едно или две кучиња пред да станам тренер и почнав да работам заедно со спасувачки центар во Шкотска, кој испраќаше кучиња од цела Велика Британија, на кои им е потребна обука пред да бидат пратени на посвојување. Потребно е многу време за да се стекне доверба од кучето – често може да потрае шест до дванаесет месеци за да се постигне тоа.“

Беки вели дека за тој период таа се заљубувала во кучињата и не можела да ги остави па затоа самата ги посвојувала. Таа исто така објаснува дека не може да оди на одмор затоа што никој не сака да се грижи за 22 кучиња. Иако не планира наскоро да го зголемува нејзиното „семејство“ Беки исто така не планира ниту да се откаже од било кој член.

Сподели на Facebook
пати видено